Bombshell Beauty bar

Bombshell Beauty bar

Share

Bombshell Beauty bar Ви стои на располагање за целосен третман н

28/07/2025
07/01/2025

Zivi, zdravi, srekni i berikerni. Sreken Bozik vi posakuva .bombshell

01/01/2025

.bombshell Vo Novata 2025 Vi posakuva zdravje, ljubov i samo ubavi momenti. Da zte zivi zdravi, srekni i beriketni. 🥂🥂SREKNA NOVA GODINA 🥂🥂

06/01/2024

Svetoto drvo sto ova Badnikovo utro kukata ni ja krasi, neka na sekogo ni donese sreka i od sekoe zlo da ne spasi. SREKEN BADNIKOV DEN!

01/01/2024

Neka Novata godina Vi donese sreka, zdravje, i beriket ispolneti samo so ubavi momenti. SREKNA NOVA 2024 god 🍀🍀🍀🍀🍾🍾🍾

Photos from Bombshell Beauty bar's post 04/10/2023

BODY WRAPPING е антицелулитна метода која истовремено го обликува телото и го намалува волуменот, а резултатите се видливи веднаш.

Самото име “ body wrapping” ни кажува дека се работи за процедура на завиткување на телото во комбинација со посебни козметички производи наменети за body wrapping. Завиткувањето на телото со специјална фолија, обезбедува подобра пенетрација на фитоароматичните состојки од производот да навлезат во во кожата и поткожното ткиво, каде активните состојки ги извршуваат посакуваните ефекти на разградување и детоксикација. Дополнително го ставаме лицето во термо ќебе за постапката биде што побрза и поефикасна.

Бидејќи се работи за фитоарома терапија и препарати кои се испарливи, испарувањето на производот го запираме со специјална фолија, специјално дизајнирана за ваков вид на третман. Многу е важно правилно да се обвитка телото, бидејќи со несоодветно обвиткување го прекинуваме протокот на лимфата и на тој начин можеме да предизвикаме повеќе штета отколку добро.

Како надополнување на третманот со body wrapping ви препорачуваме масажа. Антицелулитната масажа го подобрува ефектот на завиткување на телото. Самата масажа ја подобрува циркулацијата и го забрзува протокот на лимфата, а употребата на специјални препарати за масажа дополнително го подобрува процесот на излачување на вода, а истовремено го стимулира процесот на разградување на мастите.

Индивидуалниот пристап и комбинации на третмани ( мадеротерапија, кавитација, рачни масажи ) даваат најдобар ефект.

Информации на 078 273 502. Ваш .bombshell

Photos from Bombshell Beauty bar's post 04/10/2023

КАВИТАЦИЈА - Зошто е толку популарна?

Кавитацијата е револуционерна безболна метода, нехируршки трајно отстранување на целулитот и масните наслаги. Тоа е една алтернатива на хируршка липосукција.
Патентирана е во 50 земји во светот и ги има сите меѓународни акредитации.

Посебно е ефикасна за смалување на масните наслаги на стомакот, колената, бутовите, нозете, задникот и рацете. Третманот опфаќа кавитација на избраната регија, лимфна дренажа на таа регија, плус лимфна дренажа на целото тело.

Кавитацијата односно ултразвучната липосукција е наменета за:

✨губење на маснотиите ( стомак, бутови, нозе, задник, раце )
✨намалување на целулитот
✨поттикнување на локалната циркулација и исхрана на кожата
✨подобрување на квалитетот на кожата и сврзното поткожно ткиво

ШТО Е КАВИТАЦИЈА

Едноставно кажано, кавитацијата е физички процес кој почнува кога ниско фрекфрентни ултразвучни бранови го разградуваат масните ќелии кои се разлеваат во меѓуќелиските простори, а потоа со помош на ензимите се разградуваат па по лимфните патишта се елиминираат од телото.
Тртманот на кавитација е потполно безболен и неинвазивен а резултатите се видливи после првиот тртман. Не остава црвенило, отоци или белези на третираниот дел, ги топи масните наслаги на делот кој е третиран, нема нус појави, контраиндикации нема односно се сведени на минимум, па клиентот може одма да се врати на своите обврски.

Жените го сакаат овој третман бидејќи резултатите се видливи и е многу пријатен. На кожата се нанесува ултразвучен ѓел и со сонда од самиот апарат се поминува по делот од телото кој се третира, што е смирувачко и релаксирачко чувство.

Тртманот се прави еднаш до двапати од 7 до 10 дена во комбинација со рачна масажа или со друг третман по Ваш избор.

За повеќе информации јавите се на 078 273 502.
Ваш .bombshell

02/10/2023

Депилацијата со топол восок е најзастапениот начин за депилација. На овој начин се отстрануваат најкратките и најтенките влакна многу успешно.

Восокот се загрева околу 60 степени и се нанесува на кожата во правец на растење на влакната, а потоа оладен со брзи потези се отстранува од кожата. На овој начин влакната одлично се отстрануваат, бидејќи восокот ги вади од коренот. Депилацијата со топол восок е идеално решение за трајни резултати кој успешно го отстрануваат проблемот со поткожните мали влакненца. Топлината на восокот овозможува на кожата да се опушти и да влезе во фоликулите, па така влакната се вадат од коренот без кинење.

Топлата депилација не се препорачува на луѓе со проширени вени и капилари.

Ваш .bombshell
Тел. 078 273 502

02/10/2023

Ако сакаш да изгубиш 1000 калории за 45 мин. да го исфрлиш вишокот вода од твоето тело, да се испотиш, тогаш овој третман е дефинитивно за тебе.

ТЕРМО ЌЕБЕТО е апарат кој ти го предлагаме да го комбинираш со масажи или да го користиш самостално.

НА КОЈ ПРИНЦИП РАБОТИ? Загревањето на организмот со инфрацрвени зраци од електричното ќебе, дава ефект на сауна и делува на целиот организам. Ја убрзува циркулацијата, го поттикнува метаболизамот и ги регенерира ќелиите. Со загревањето делува на масните наслаги, кои се претвораат во слободни масни киселини па организмот може да ги апсорбира и по природен пат да ги исфрли.

КОЈ ЕФЕКТ СЕ ПОСТИГНУВА? ✨Длабинско загревање на кожата.

✨Дренажа на меѓуќелиските течности

✨Разлагање на масните ќелии.

✨Го чисти крвотокот ослободувајки се од токсините.

✨Го зголемува имунитетот на телото

✨Ја убрзува циркулацијата

Контакт тел. 078 273 502.
Ваш .bombshell

Want your business to be the top-listed Beauty Salon in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Telephone

Address


St. Hristo Tatarcev 24A/8
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 10:00 - 18:00
Tuesday 10:00 - 18:00
Wednesday 10:00 - 18:00
Thursday 10:00 - 18:00
Friday 10:00 - 18:00
Saturday 10:00 - 18:00