Agape Bio Well

Agape Bio Well

Share

Центар за справување со секојдневниот стрес и спречув?

Центарот AGAPE BIO WEL за првпат во Република Северна Македонија ви ги претставува техниките кои ќе ви помогнат полесно да се справите со секојдневниот стрес како и да го спречите процесот на стареење на субатoмско ниво.

Следете го РИТАМОТ НА ЕНЕРГИЈАТА

Photos from Agape Bio Well's post 22/07/2026

За вчерашниот ден и невремето во Скопје

Една одлука, неколку минути... и избегната несреќа

Вчерашното силно невреме во Скопје за малку можеше да заврши трагично. Во канцеларијата на едно лице експлодира прозорец, а стаклото се распрсна насекаде. За среќа, тоа лице си заминало од работа нешто порано и ја избегнало несреќата.

Од перспектива на БАЗИ, ова не е случајност. Во текот на денот беше активна енергијата на Мајмунот, Небесниот помагач во неговата карта. Во периодот од 15:35 до 17:35, исто така, владееше Огнениот Мајмун, енергија која, според принципите на школата што ја изучувам, може да влијае врз потсвесните процеси и носењето одлуки.

Често не сме свесни зошто одеднаш чувствуваме потреба да тргнеме порано, да го смениме патот или да одложиме некоја средба. Но, токму тие навидум обични одлуки, понекогаш се покажуваат како најголема заштита.

По долгогодишна работа со БАЗИ, ваквите примери повторно и повторно ми покажуваат дека енергијата не влијае само на надворешните околности, туку и на нашата потсвест, која многу често знае повеќе отколку што знае нашиот свесен ум.

Photos from Agape Bio Well's post 20/07/2026

За колитис, медицината ја постави дијагноза, БАЗИ ги открива вродените предиспозиции

Дијагноза – колитис од невролошка природа.

Она што веднаш ми го привлече вниманието не беше самата дијагноза, туку структурата на картата и односот помеѓу елементите.

Во оваа БАЗИ карта целосно отсуствува елементот Земја , го нема ниту во небесните стебла, ниту во земните гранки, ниту во доминантните скриените небесни стебла.

Во кинеската метафизика, Земјата е поврзана со слезината и желудникот, со процесите на трансформација и транспорт на храната и создавање на енергија во организмот. Таа претставува центар на стабилноста и рамнотежата. Кога Земјата е отсутна, се смета дека организмот нема доволно природна потпора за стабилизирање на овие процеси и дека токму овој систем може да биде почувствителна алка.

Истовремено, во картата е присутен силен Оган и изразен Метал, додека Водата е слабо застапена. Таа постои, но нејзината сила не е доволна да го контролира и балансира силниот Оган.

Во циклусот на петте елементи, Водата природно го контролира Огнот. Кога меѓу овие два елементи постои рамнотежа, организмот полесно ја одржува хармонијата. Но, кога Водата е ослабена, а Огнот е премногу силен, се создава дисбаланс, своеобразна „борба“ помеѓу овие две спротивни сили.

Во здравствената БАЗИ анализа, Оганот е поврзан со срцето, тенкото црево, крвните садови, циркулацијата и нервниот систем. Тој претставува активна и динамична енергија. Кога е премногу изразен, може да доведе до состојба на прекумерна активност и нарушување на природната регулација.

Водата е поврзана со бубрезите, виталната енергија, нервниот систем и способноста на организмот да се смирува и обновува. Нејзината улога е да го контролира и лади Огнот. Кога нема доволно силна Вода, Огнот може полесно да стане доминантен.

Тука се гледа и врската со медицински потврдениот колитис од невролошка природа. Во оваа БАЗИ перспектива не се гледа само органот каде се појавува проблемот со дебелото црево, туку и регулацијата што доаѓа преку нервниот систем. Дисбалансот помеѓу Водата и Огнот може да се разгледува како нарушување на хармонијата помеѓу нервната регулација и функцијата на органите.

Од друга страна, Металот е поврзан со белите дробови и дебелото црево. Дебелото црево припаѓа на Металот и има улога во елиминацијата и регулирањето на течностите во организмот. Кога постои силен Оган, а недостасува доволно Земја и стабилизирачка сила на Водата, може да дојде до нарушување на рамнотежата на Металот и поголема чувствителност на системот поврзан со дебелото црево.

Во структурата се забележуваат и повеќе дупликати, кои ја засилуваат енергијата што веќе постои во картата. Дополнително, оваа година се активира уште еден дупликат преку столбот на часот, што според здравствената БАЗИ анализа претставува дополнително нагласување на постојните предиспозиции.

Во овој случај, медицинската дијагноза веќе беше поставена од специјалист. БАЗИ анализата не поставува медицинска дијагноза, туку помага да се препознаат вродените предиспозиции и да се разбере зошто одредени органски системи можат да бидат почувствителна алка во организмот.

БАЗИ не лекува и не ја заменува медицината. Но, врз основа на анализата можат да се дадат индивидуални препораки за поддршка и стабилизација на елементите, преку соодветна исхрана, начин на живот, дневен ритам, активности и други индивидуално приспособени насоки, со цел да се придонесе за подобра рамнотежа на организмот.

Во овој случај, посебно внимание треба да се посвети на зајакнување на елементот Земја, а особено на поддршка на слезината, која во традиционалната кинеска медицина се смета за еден од главните центри за создавање и распределба на енергијата.

Стабилната Земја создава основа за подобра рамнотежа меѓу останатите елементи. Со поддршка на Земјата и зајакнување на Водата, организмот добива поголема можност да го регулира силниот Оган и да ја одржува хармонијата меѓу системите.

Она што треба да го разбереме е дека одредени предиспозиции ни се дадени уште од раѓањето. Тие не се пресуда, туку информација за тоа каде организмот може да биде почувствителен и каде треба да посветиме повеќе внимание.

Колку порано започнеме да се грижиме за балансот во нашиот организам, толку посвесно можеме да одговориме на предизвиците што ги носи животот.

Токму во тоа ја гледам вредноста на здравствената БАЗИ анализа – не како замена за медицината, туку како дополнителна алатка за подобро разбирање на индивидуалните предиспозиции и насока кон превенција и поддршка на организмот.

15/07/2026

За депресијата и анксиозноста од друг агол

Духот и животната есенција: невидливата оска на нашата емоционална рамнотежа

Според традиционалната кинеска медицина (ТКМ) и теоријата на Петте елементи, телото, умот и емоциите претставуваат единствен систем. Во него, односот меѓу елементите Оган и Вода има особено значење, бидејќи ја претставува оската меѓу срцето и бубрезите, радоста и стравот, духот и животната есенција.

Огнот е поврзан со срцето и радоста. Срцето е седиште на Шен, духот и свеста. Кога срцето е во рамнотежа, Шен е мирен, а човекот чувствува јасност, радост и емоционална стабилност. Кога оваа хармонија е нарушена, може да се појават внатрешен немир, нарушен сон и емоционална нестабилност.

Од оваа перспектива можат да се разгледаат и одредени депресивни обрасци. Депресијата е сложена состојба и не може да се сведе на еден орган или елемент. Сепак, во ТКМ, губењето на радоста, интересот и животниот ентузијазам може да се поврзе со слабеењето на живоста на Шен, како внатрешната светлина постепено да го губи својот сјај.

Водата е поврзана со бубрезите и стравот. Со бубрезите се поврзуваат Џинг, животната есенција, и Жи, волјата. Кога Водата е стабилна, човекот поседува внатрешна сигурност и истрајност. Кога нејзината рамнотежа е нарушена, може да доминираат стравот, несигурноста и чувството дека животот е небезбеден и непредвидлив.

Во овој контекст можат да се разгледаат и одредени анксиозни обрасци. Долготрајниот страв и несигурност го нарушуваат внатрешниот мир, додека вознемирениот Шен ја засилува менталната активност. Мислите тешко се смируваат, телото не може целосно да се опушти, а човекот живее со чувство дека нешто лошо може да се случи и кога не постои јасна надворешна опасност.

Во ТКМ, хармонијата меѓу срцето и бубрезите е хармонија меѓу Огнот и Водата. Водата го смирува Огнот, а Огнот ја затоплува и поддржува Водата. Кога оваа оска е нарушена, дисбалансот не останува изолиран само на едно ниво. Се нарушува природниот проток низ целиот систем. Шен го губи мирот, волјата слабее, а чувството на внатрешна сигурност постепено исчезнува.

Емоционалната средина во која растеме има значајна улога во создавањето на нашите внатрешни обрасци. Детето не расте само со храна и физичка грижа. Тоа се обликува преку присуството, допирот, разговорот и чувството дека е видено, прифатено и сигурно.

Современиот начин на живот и постојаната трка по материјална сигурност и професионален успех сè почесто го намалуваат времето за вистинска човечка поврзаност. Проблемот не е во професионалниот развој, туку во моментот кога материјалното го заменува емоционалното присуство.

Човекот може да има материјална сигурност и општествен успех, а сепак да чувствува длабока емоционална празнина. Истовремено, живееме во средина во која храната, водата и воздухот се сè пооптоварени со загадувачи, што, според традиционалната кинеска мисла, може дополнително да ја наруши внатрешната рамнотежа и мирот на Шен.

Затоа денес повеќе од кога било е потребно да се навратиме кон традиционалните вредности, семејството, блискоста, присуството и вистинската грижа едни за други, но и кон природата, чистата храна, чистата вода и мирниот начин на живот.

Емоционалната рамнотежа не се гради само во детството. Таа се создава и менува низ целиот живот, преку начинот на кој сакаме, се поврзуваме, чувствуваме сигурност и се грижиме за сопствениот внатрешен свет.

Грижата за Шен и зачувувањето на животната есенција се дел од длабоката хармонија меѓу духот, телото и емоциите. Можеби враќањето кон природата не е чекор назад, туку враќање кон она што човекот одамна го заборавил: сопствената внатрешна рамнотежа.

08/07/2026

Нашите емоции и начин на живот го обликуваат здравјето на нашите деца

Во природата постои совршена рамнотежа помеѓу Земјата и Водата. Земјата е таа што ја прима, ја задржува и ја насочува Водата. При обилни дождови, ако нема доволно цврста Земја, доаѓа до поплави. Затоа се поставуваат вреќи со песок за да се спречи неконтролираното излевање на водата. Од друга страна, ако Земјата е сува и без влага, таа не може да роди плод. Само кога Земјата и Водата се во рамнотежа, животот може да се развива.

Истиот закон важи и во човечкото тело. Според теоријата на Петте елементи, во традиционалната кинеска медицина, елементот Земја ја контролира Водата. Органите на Земјата: желудникот, слезината, панкреасот, мускулите, епифизата и матката, создаваат услови за правилна работа на органите на Водата: бубрезите, мочниот меур, мозокот, коските и репродуктивните органи.

Водата е носител на животот, но и на информацијата. Бубрезите се седиште на наследената генерациска информација која ја добиваме од нашите родители. Левиот бубрег ја носи информацијата од женската линија, а десниот од машката. Во моментот на зачнувањето, оваа информација се пренесува на плодот и претставува основа врз која се гради неговиот животен потенцијал.

Доколку наследените информации носат енергетски оптоварувања, силниот елемент Земја има способност да ги амортизира и да не дозволи тие целосно да се манифестираат. Земјата се храни преку квалитетната храна, правилниот начин на живот и стабилните емоции. Колку е посилна Земјата, толку подобро ја контролира Водата и ја зачувува енергијата на Бубрезите.

Но, денешниот начин на живот сè повеќе ја нарушува оваа рамнотежа. Материјализмот, постојаната трка по успех, желбата да се има повеќе и повеќе, како и нереалните очекувања дека животот или универзумот ќе ни ги исполнат сите желби без лична внатрешна промена, постепено ја трошат животната енергија. Кога човек живее во постојано незадоволство, во споредување со другите и во очекување нешто надворешно да го направи среќен, најнапред се исцрпува елементот Земја, а потоа почнува да слабее и елементот Вода.

Со слабеењето на Бубрезите се намалува и животната есенција која се пренесува на следните генерации. Токму затоа денес сè почесто гледаме деца кои уште од раѓање носат различни слабости: физички, ментални и репродуктивни. Во теоријата на Петте елементи тоа не се набљудува како случајност, туку како последица на нарушената рамнотежа која се пренесува од генерација на генерација.

Матката е орган кој има посебно место во елементот Земја. Тоа е сосема природно, бидејќи Земјата е симбол на плодноста, растот и создавањето живот. Но животот започнува во Вода, па затоа репродуктивниот систем е нераскинливо поврзан и со елементот Вода. Само кога овие два елементи се во хармонија, постои добра основа за зачнување, правилен развој на плодот и раѓање на здраво потомство.

Затоа зачувувањето на силна Земја и силни Бубрези не е важно само за нашето здравје, туку и за здравјето на генерациите што доаѓаат.

Дали некогаш сте се запрашале дека најголемото наследство што им го оставаме на нашите деца не е материјалното, туку квалитетот на нашата животна енергија?

Во следната објава ќе зборуваме за анксиозноста, депресијата и заемното влијание на елементите Оган и Вода, како и за нивното влијание врз емоционалната рамнотежа.

05/07/2026

Слезината – седиште на интелигенцијата и нејзиното влијание врз општествените текови

Според традиционалната кинеска медицина (ТКМ), слезината е одговорна за трансформацијата на храната во Чи и Крв и претставува седиште на интелектот (Yi). Кога нејзината функција е силна, човекот полесно учи, подобро се концентрира и има појасна мисла.

Современиот начин на исхрана, со големо количество индустриски преработени производи и изложеност на различни загадувачи од животната средина, дополнително ја оптоварува функцијата на слезината. Од гледна точка на ТКМ, кога слезината не може оптимално да ја трансформира храната во квалитетна животна енергија (Чи), може да се појават замор, намалена концентрација, послаба меморија, потешкотии во учењето и нарушено расудување.

Денес, кога храната е изложена на различни форми на индустриска обработка и употреба на бројни хемиски средства во производството, а генетски модифицираната храна од многумина се смета за безбедна, вреди да се запрашаме дали сето тоа има влијание врз нашето физичко и ментално здравје.

Кога ќе ги погледнеме општествените и социјалните случувања, не можеме а да не се запрашаме дали ослабената способност за правилно расудување, критичко размислување и донесување мудри одлуки е поврзана и со начинот на кој се храниме. Од перспектива на ТКМ, квалитетот на храната не го гради само телото, туку ја храни и нашата ментална енергија.

Она што го забележувам при анализата на матриците на здравјето кај децата, а за што често пишувам, е дека кај многумина е присутен изразен енергетски дисбаланс поврзан со слезината и елементот Земја.
Од перспектива на БАЗИ и традиционалната кинеска медицина, ова отвора многу прашања за нивниот физички, емоционален и интелектуален развој.

Како елементот Земја влијае врз емоциите? Каква енергија родителите несвесно им пренесуваат на своите деца? И каква е врската помеѓу семејната динамика помеѓу елементот на Земјата и Водата?

За сето ова во следната објава.

02/07/2026

Кој останува младолик во текот на целиот живот?

БАЗИ или Четирите столба на судбината е една од двете древни кинески метафизички дисциплини што се занимава со анализа на судбината на поединецот.

Таа го анализира животниот пат врз основа на личната карта на судбината и го покажува патот на можностите и предизвиците што нè очекуваат во текот на животот. Животниот пат на секој човек е определен од моментот на неговото раѓање, а го обликуваат космичките енергии на одреденото време, просторот, луѓето, односите и настаните, од самото раѓање, па понатаму низ целиот живот.

Анализата ни овозможува длабок увид во карактерните особини, личноста, силните страни и слабостите на поединецот. Таа нè учи како да носиме здрави одлуки, да ги развиваме и искористуваме сопствените потенцијали. Исто така, ни дава одговори на интересни прашања.

Младешки изглед според 12-те фази на животната енергија (Чанг Шенг 長生)

Во БАЗИ одредени комбинации во рамките на 12-те фази на животната енергија (Чанг Шенг), можат да укажуваат на изразена младешка појава, добра еластичност на кожата и побавно стареење. Секако, овие показатели никогаш не се толкуваат изолирано, туку секогаш во контекст на целата карта.

Фаза „Му Ју“ (沐浴) – Бањање
甲子 (Јанг Дрво на Стаорец)
Оваа комбинација претставува спој на раст и постојано обновување. Дрвото е хрането од Водата, што создава впечаток на виталност и свежина. Луѓето со оваа комбинација најчесто имаат жив израз на лицето, изразителна мимика и сјајни очи. Дури и во зрелите години задржуваат младешки изглед.
辛亥 (Јин Метал на Свиња)
Јин Металот носи префинетост, чистота и елеганција, додека Водата додава мекост и еластичност. Често се среќава порцелански тен, нежна кожа и хармонични црти на лицето. Стареењето се одвива постепено и суптилно, па лицето со годините добива благороден изглед.
Важно: Доколку во картата не е присутен Демонот на Црвената Убавина, овој ефект е уште поизразен.
Во БАЗИ, најсилен показател за младешки изглед е Водата, особено Јин Водата (癸). Таа е поврзана со хидратацијата, еластичноста и способноста кожата долго да ја задржи својата свежина.
Кога Водата е во хармонија со Дрвото или Металот, се создава природен впечаток на младост.
Меѓутоа:
• премногу Вода може да предизвика задржување течности и отоци;
• конфликт помеѓу Водата и Огнот може да ја намали виталноста и квалитетот на кожата;
• Огнот, пак, придонесува за топол сјај и убав, жив поглед.
Доколку целата карта е енергетски неурамнотежена, тоа неизбежно се одразува и врз физичкиот изглед.

Фаза „Гуан Даи“ (冠帶) – Капа и појас
Најсилно влијае кога се наоѓа во месечниот столб.
丙辰
Дава свеж тен, тенка кожа и изразителна мимика. Овие личности честопати изгледаат многу помлади од своите години. Обично се интелигентни, снаодливи и комуникативни. Кај жените оваа комбинација често укажува на природна убавина и добар карактер.
丁未
Големи, светли очи со детски сјај. Лицето зрачи со нежност, топлина и благост. Жените со оваа комбинација често се сметаат за многу привлечни.
戊辰
Поцврста телесна градба, но кожата останува мазна, затегната и долго ја задржува својата цврстина.
己未
Нежни и меки црти на лицето кои долго не се менуваат. Стареењето настапува постепено и без нагласени промени.
壬戌
Интересна комбинација. Во младоста изгледаат позрело, но со текот на времето почнуваат да изгледаат сè помладо. Како годините да работат во нивна корист.
癸丑
Нежна, порцеланска кожа и префинет изглед, но со сериозен, длабок и мудар поглед.

Фази „Лин Гуан“ (臨官) и „Ди Ванг“ (帝旺)
Овие фази најсилно влијаат кога се наоѓаат во дневниот столб, бидејќи го претставуваат врвот на физичката сила и животната енергија.
臨官 (Лин Гуан) – Прием во служба
甲寅
Изразена енергија на раст, добро оформено тело и силен мускулен тонус.
乙卯
Една од најповолните комбинации за младешки изглед. Кожата долго ја задржува својата еластичност и свежина.
庚申
Изразени, правилни и скулптурални црти на лицето. Изгледот многу малку се менува со текот на годините.
辛酉
Исклучително силна комбинација. Лицето има фини, правилни и аристократски црти. Кожата е со висок квалитет и долго останува затегната. Во оваа комбинација е присутен Демонот на Убавината.

帝旺 (Ди Ванг) – Императорски врв
丙午
Силен личен магнетизам, блескав тен, жив израз на лицето и природна привлечност.
丁巳
Длабок и продорен поглед кој создава впечатлив контраст со младешките црти на лицето.
戊午
Цврста кожа и добра отпорност на процесите на стареење.
己巳
Добро избалансирана кожа, природна мекост и долготрајна еластичност.
壬子
Јанг Водата создава силна циркулација на Чи енергијата низ телото. Кожата е цврста и еластична, па овие личности често изгледаат многу помлади од својата возраст. Присутен е Демонот на Убавината.
癸亥
Една од најубавите комбинации, кога станува збор за младешки изглед.
Енергијата е мека, проточна и суптилна, како утринска магла над вода. Често се забележуваат изразен филтрум, поголеми ушни ресички и длабок, мистериозен поглед.
Овие личности најчесто имаат нежни црти на лицето, мазна кожа и изглед што многу тешко ја открива нивната вистинска возраст. Благодарение на хармонијата помеѓу Јин Водата и Земната гранка Свиња, процесот на стареење изгледа многу побавен, а лицето долго ја задржува својата свежина и природна убавина.

01/07/2026

Во БАЗИ картата ѝ недостасува Водата... Дали токму затоа бубрезите беа нејзината најчувствителна точка?

Кај оваа млада девојка, која има само 26 години, во БАЗИ картата доминираат елементите Оган и Земја, додека елементот Вода целосно недостасува. Во традиционалната кинеска метафизика, Водата е поврзана со бубрезите, виталната енергија и резервите на организмот.

Денес таа е на дијализа поради откажување на бубрезите. Ова не значи дека БАЗИ може да предвиди или дијагностицира болест, но покажува како енергетскиот запис може да укаже на потенцијалните слаби точки во организмот и на системите на кои вреди да им се посвети поголемо внимание уште пред да се појават сериозни здравствени проблеми.

БАЗИ не е замена за медицината, туку алатка за подобро разбирање на индивидуалните енергетски предиспозиции и за навремена грижа за сопственото здравје.

Напомена: сликата е креирана со дигитална алатка.

30/06/2026

Накратко за крварење од носот

Според традиционалната кинеска медицина (ТКМ), крварење од носот може да се појави како резултат на нарушување на рамнотежата на „чи“ и телесните течности, како и појава на „внатрешна топлина“ во организмот.

Овој дисбаланс се поврзува со неколку меридијани, особено со меридијаните на желудникот и дебелото црево, кои минуваат низ пределот на лицето и носот, како и со меридијанот на мочниот меур, кој е поврзан со регулирање на течностите во телото.

Дополнително, меридијаните на црниот дроб и срцето се сметаат за важни во однос на циркулацијата на крвта и создавањето на „внатрешна топлина“, што според ТКМ може да придонесе за појава на крварење.

Во современата практика на ТКМ, ваквите состојби се проценуваат преку различни дијагностички методи и уреди кои ја анализираат енергетската состојба на меридијаните и рамнотежата на организмот.

15/05/2026

Типична слика на жена со силно изразена метална јинска енергија и присуство на јанска земјена енергија.

Жената со Јин Метал, како Господар на денот во кинеската метафизика има префинета, елегантна и силна енергија. Таа е интелигентна, внимателна и знае добро да ги анализира луѓето и ситуациите.

Има добар вкус, чувство за убавина и природна софистицираност. Во комуникацијата е тактична и достоинствена, а со блиските знае да биде лојална и искрена.

Иако на прв поглед може да делува нежно и мирно, таа е многу издржлива, стабилна и цврста. Исто како дијамантот.

Земјата како елемент носи скриено богатство, не само во материјална туку и во интелектуалната и духовна смисла, бидејќи земјата претставува ресурс за металот.

Кинеската метафизика воодушевува со начинот на кој ги анализира луѓето, кои се нивните силни страни и ментални програми и што е тоа што е заробено длабоко во нив. Ме плени, бидејќи с'е е претставено како слика во природата. А природата е совршена

Убав викенд,
Агафи Гаџова

11/05/2026

Мистеријата на високиот притисок: Сите анализи се добри, но оганот во телото расте

И покрај тоа што лицето направило детални медицински испитувања (срце, бубрези, тироидна жлезда, црн дроб, хормонален статус, како и стрес тест), не била пронајдена конкретна медицинска причина за покачениот крвен притисок. Сите резултати биле во граници кои не укажуваат на органско заболување или директна физиолошка индикација за хипертензија.

Од перспектива на БАЗИ, објаснувањето се наоѓа во силното енергетско влијание на тековниот период. Лицето во својата карта има изразен елемент Метал, а со доаѓањето на периодот на Огнениот Коњ започнало постепено активирање и покачување на внатрешниот оган. Во циклусите на БАЗИ, огнот има способност да го топи и напаѓа Металот, создавајќи внатрешен притисок, тензија и прегревање на енергијата во телото.

Кулминацијата на ова влијание се случува во мај, месецот на Водената Змија. Иако водата делумно носи баланс, самата Змија е силен огнен знак и дополнително ја активира огнената структура во картата. Лицето веќе поседува Тигар и Мајмун во својата натална карта, а со доаѓањето на Змијата се формира т.н. „огнена казна“ меѓу Тигарот, Мајмунот и Змијата. Оваа комбинација во БАЗИ често се поврзува со внатрешна нервоза, напнатост, импулсивна огнена енергија и проблеми поврзани со циркулацијата и крвниот притисок.

Најсилниот пик бил забележан на 10 мај во 21:45 часот. Според БАЗИ, тоа е ден на Дрвениот Мајмун, а воедно периодот од 21:35 до 23:35 припаѓа на часот на Дрвеното Куче. Во оваа комбинација Дрвото дополнително го напаѓа и исцрпува Металот, создавајќи уште поголем енергетски конфликт во картата.

Покрај тоа, дошло и до силна хемиска трансформација на енергиите. Коњот, Кучето и Тигарот заедно формираат огнена тријада, која драматично ја засилува енергијата на Огнот. Вишокот оган, во комбинација со силниот метал во картата, создава состојба на внатрешен притисок и прегревање, што според БАЗИ, може да се манифестира преку ненадејни скокови на крвниот притисок, иако медицинските испитувања не покажуваат директна патологија.

Она што современата медицина го познава и истражува во последните 200 години е само мал дел во споредба со древните системи на знаење кои се изучуваат повеќе од 6000 години. Токму затоа, кога не постои јасно медицинско објаснување, потребно е да се пристапи холистички, да се разгледа не само физичкото тело, туку и влијанието на енергијата, емоциите, циклусите и природните сили врз човекот.

БАЗИ не служи само за анализа на карактерот и животните настани, туку може и навремено да укаже на периоди на енергетски дисбаланс и потенцијално тешки циклуси кои можат да се одразат врз здравјето. Преку разбирање на овие циклуси, човекот може свесно да преземе мерки, да го намали стресот и подобро да се подготви за периодите кога телото е под поголем енергетски притисок.

Агафи Гаџова

Want your business to be the top-listed Beauty Salon in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Category

Address


Nikola Tesla 14/4/18
Skopje
1000