EDEM Wellness Center
Вашиот водич кон совршено здравје.
ЕДЕМ Велнес Центарот е посветен на идејата дека здравиот ум и здравото тело се од суштинско значење за поквалитетен и поздрав начин на живот.
Ние веруваме, дека нашиот центар е единствен во својата посветеност на исполнувањето на индивидуалните потреби на нашите членови, и ние сме тука да ви помогнеме да постигнете максимален здрав начин на живот и да го одржувате истиот.
Без оглед на Вашата
03/06/2026
Медицинската масажа е идеален начин за ревитализација на целото тело и има поголема примена:
🔸Нормализирање на функциите на заболените органи и системи
🔸При болки во рбетот, зглобовите, горните и долните екстремитети
🔸Спортски повреди
🔸Проблеми од невролошки карактер (парези, парализи, зголемен спазам на мускулатурата, екстрапирамидни симптоми)
🔸Состојби после операции на срцето и друг вид операции
🔸Анемичност и општа омалаксаност
🔸Психолошки проблеми (неврози, депресии)
и други состојби со нарушен баланс на организмот.
📲 Закажете го Вашиот термин на 072 229 299!
🏡 ул. Младинска бр.277, Струмица
🌐 www.edem.mk
🌳Едем Велнес Центар🌳
Вашиот водич кон совршено здравје и убавина 🙏
27/05/2026
Вистинска комбинацијата од релаксација и опуштање на телото, благотворно делува на намалување на болките и стресот, истовремено ја подобрува циркулацијата и Ви ја враќа позитивната енергија.
📲 Закажете го Вашиот термин на 072 229 299!
🏡 ул. Младинска бр.277, Струмица
🌐 www.edem.mk
🌳Едем Велнес Центар🌳
Вашиот водич кон совршено здравје и убавина 🙏
26/05/2026
Физикалниот преглед вклучува детална анализа на мускулно-скелетниот систем на пациентот преку повеќе методи од кинезиологија, физикална терапија, ортопедија и неврологија, со цел да се утврди дијагнозата и да се одредат најдобрите начини за лекување.
Овој преглед се изведува од страна на м-р Марјан Димитриев, специјалист во областа на кинезиологијата и физикалната терапија.
По завршувањето на прегледот, м-р Марјан Димитриев изработува персонализиран план за физикална терапија и рехабилитација за секој пациент.
📲 Закажете го Вашиот термин на 072 229 299!
🏡 ул. Младинска бр.277, Струмица
🌐 www.edem.mk
🌳Едем Велнес Центар🌳
Вашиот водич кон совршено здравје и убавина 🙏
25/05/2026
🧒Зошто е важно да се контролира сколиозата кај деца?
Здрав ’рбет = здраво тело! 💪
✅ Редовни прегледи
✅ Вежби и движење
➡️ Подобро држење, полесно дишење и повеќе енергија ✨
Грижата за ’рбетот уште од најмала возраст е инвестиција во здравјето на вашето дете. 🌱
📍 Посетете нè во Едем Велнес Центар и дознајте повеќе како можеме да помогнеме. ☎️ 072 229 299
#Сколиоза #Деца #Здравје #ФизикалнаТерапија
17/05/2026
Многу луѓе не знаат што точно да очекуваат кога доаѓаат на третман. 🤔
Кај нас прво разговараме за проблемот: историја, каде боли, колку долго трае и што ве ограничува во секојдневието. 🗣️
Потоа гледаме како стоите, како се движите и кои делови од телото се преоптоварени. Правиме и специјални тестови за подобро да ја разбереме причината за проблемот. 🧍♂️🚶♀️🔍
Третманот може да вклучува масажа, мануелна работа, киропрактика, остеопатија и насоки за движење или едноставни вежби. 💆♂️🤲🏽🦴🏃♂️
Целта не е само да се чувствувате подобро тој ден.
Целта е телото да функционира подобро подолго. ✅
📍EDEM Wellness Center
📞 072 229 299
Закажете го вашиот термин. 📅
#ЕдемВелнесЦентар
#ТретманЗаБолка
#ФизикалнаТерапија
#МануелнаТерапија
#ЗдравоТело
14/05/2026
Промените на стапалата најчесто се развиваат постепено. 🦶
На почеток може да биде само замор при одење 🚶♂️, притисок во обувките 👟 или мала промена во положбата на прстите.
Со време, ако притисокот се повторува, телото почнува да се адаптира. 🔁
Тоа може да се почувствува и во колената, колковите или грбот. ⚠️🦵🦴
Стапалото е основа на движењето. 🌿
Затоа навремената проценка е многу важна. ✅
📍EDEM Wellness Center - 072 229 299
Закажете:
🦶 Проценка на стапала
🧍♂️ Проценка на држење
🚶♀️ Проценка на движење
#ЗдравиСтапала
#ПроценкаНаСтапала
#ДржењеНаТелото
#ФизикалнаТерапија
12/05/2026
Kога чувствуваме болка, најчесто вниманието оди само таму каде што боли.
Но причината не секогаш е на истото место.
Вратот може да боли поради положбата на рамената.
Грбот може да реагира на седење, слаба стабилност или ограничено движење.
Коленото понекогаш страда поради стапалото.
Затоа прво гледаме како телото компензира, па потоа го планираме третманот.
📍EDEM Wellness Center
Закажете проценка и третман. 072 229 299
11/05/2026
Многу луѓе доаѓаат на масажа кога веќе чувствуваат силна напнатост во вратот, рамената или грбот.
Но масажата не е само релаксација.
Преку третманот можеме да забележиме каде телото држи најмногу напор, кои мускули се преоптоварени и каде движењето е ограничено.
Затоа кај нас масажата е дел од терапевтски пристап — да се ослободи телото, но и да се разбере зошто напнатоста се повторува.
📍EDEM Wellness Center
Пишете ни за термин.
07/05/2026
👨⚕️Киропрактика и мануелна терапија не се само „крцкање“.
Кога имате вкочанетост, ограничено движење и болка што се повторува, често е потребен точен пристап, а не случајно пробување.
Овој тип на третман може да помогне кај:
- напнатост во врат и рамена
- вкочанет грб и половина
- чувство на блокада при движење
- болка поврзана со држење и оптоварување
Но најважно е ова:
Не секоја болка бара ист пристап.
Затоа проценката е првиот чекор.
Во ЕДЕМ гледаме што е причината, па потоа го избираме пристапот што одговара на вашата состојба.
Закажете термин ако сакате индивидуална проценка.
📍 Младинска 277, Струмица
📞 072 229 299
#киропрактика #физикалнатерапија #масажа #болка #вкочанетост
03/05/2026
Чувствувате напнатост од седење, стрес или работа на компјутер?
Со овие 3 едноставни вежби можете да ја ослободите тензијата и да се чувствувате полесно за само неколку минути:
1️⃣ Длабоко дијафрагмално дишење
2️⃣ Кружно раздвижување на рамената
3️⃣ Истегнување на вратот
✨ Овие движења можете да ги направите каде и да сте – во канцеларија или дома.
📍 За индивидуален третман и персонализирани вежби – посетете не во Едем Велнес Центар.
📞 072 229 299
🚩Ул. Младинска 277, Струмица
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the business
Telephone
Website
Address
Mladinska 277
Strumitsa
2400
Opening Hours
| Monday | 11:00 - 21:00 |
| Tuesday | 11:00 - 21:00 |
| Wednesday | 11:00 - 21:00 |
| Thursday | 11:00 - 21:00 |
| Friday | 11:00 - 21:00 |
| Saturday | 11:00 - 19:00 |
