Studio Daniela
Tretmani za slabeenje
Depilacija
Brazilska i klasicna maderoterapija
Spray tan
Nails
Tetovo 078277885
23/04/2026
Дали модриците се нормални после мадеротерапија? НЕ!!!
Знам дека често се кажува „така треба“ или „тоа значи дека делува“, но вистината е поинаква. Мадеротерапијата, кога се работи правилно, не треба да предизвикува модрици.
Модриците не се знак на „добар“ третман, туку најчесто се резултат на повреда на ткивото. Тие значат дека дошло до оштетување на малите крвни садови под кожата, што може да доведе до подливи, па дури и до згрутчување на крвта во одредени случаи.
Телото не треба да трпи болка за да има резултати – напротив, правилниот третман е пријатен, стимулирачки и безбеден за кожата и ткивото.
Затоа е важно третманот да го изведува обучено лице, да се користи правилна техника, да се слуша реакцијата на вашето тело.
Не дозволувајте некој да ве убеди дека болката и модриците се „нормални“. Грижата за телото треба да биде нежна, стручна и свесна – без повреди и без ризици. Кога третманот е правилно изведен, резултатите доаѓаат природно, без непријатност и без последици.
Доколку сакате безбеден и правилен пристап, со внимание на секој детал и индивидуален пристап кон вашето тело – можете да закажете термин кај мене во Studio Daniela
18/04/2026
Имав чест да бидам дел од тимот на Школа за убавина Art на саемот за козметика. Денови исполнети со позитивна енергија, прекрасна атмосфера и многу инспиративни средби. Секој момент беше потсетник колку е убава оваа професија и колку љубов има во тоа што го работиме. Благодарна за искуството, за луѓето и за сите насмевки кои го направија овој настан навистина посебен 💫🤍✨
08/04/2026
Понекогаш најубавите резултати се случуваат кога најмалку ги очекуваме. ✨
Една клиентка дојде на масажа и забележав модринка на нејзината нога. Кога ја прашав што се случило, ми кажа дека од премногу стоење ѝ пукнале капилари. Одлучив да направам SQT третман директно на местото.
Направивме фотографии пред третманот, а кога клиентката дојде повторно по неколку дена на мадеро масажа – резултатот беше навистина изненадувачки. Местото беше целосно смирено и излечено, како никогаш ништо да немало таму.
Овие моменти ме потсетуваат зошто ја сакам мојата работа – кога негата, знаењето и правилниот третман носат видлива промена.
31/03/2026
✨ Чекор погоре во мојата професионална приказна ✨
Со депилација работам веќе скоро 5 години. Во текот на овие години постојано се трудев да учам повеќе, да се надоградувам и да ги усовршувам техниките. Ја завршив мојата обука во , каде што стекнав знаење и искуство кое ми помогна да растам во оваа професија.
Ова што го работам не е само работа – ова е моја страст и љубов.
Со голема гордост сакам да споделам дека станав едукатор за депилација во .Таму ќе имам можност да го пренесам моето знаење на новите курсисти и да им помогнам да го започнат својот професионален пат.
За мене е многу важно моите курсисти да знаат дека поддршката не завршува со обуката. Секогаш ќе бидам тука за нив – за совет, насока или консултација, во било кое време.
Горда сум што сум дел од тимот на првата и единствена школа каде се изучуваат повеќе техники на депилација според светски протоколи и стандарди.
Ова е само почеток на едно ново поглавје. ✨
30/03/2026
Третман против стрии
Регенерација на кожата без игли
Природен bio-microneedling кој ја стимулира кожата да се обнови одвнатре и создава нов колаген.
Со специјална технологија се внесуваат милиони природни микро-иглички кои го активираат процесот на обнова на кожата за само неколку дена.
Резултатот е помалку видливи стрии, поцврста и помазна кожа.
19/03/2026
Професионален третман за избелување на кожа!
Третманот е идеален за:
Изедначување на тенот
Намалување на темни флеки
Осветлување на интимна зона, пазуви и други чувствителни зони на телото.
Со нежна формула, специјално дизајнирана за чувствителна кожа, третманот ја остава кожата посветла, мазна, негувана.
Закажи го твојот термин во порака
или на 078 277 885
Студио Даниела
10/03/2026
✨ Грижата за телото денес значи подобро здравје утре.
Масажата не е луксуз – туку инвестиција во вашето тело, енергија и самодоверба.
Вашето тело ви зборува секој ден.
Болка, замор, стрес… тоа се знаци дека му е потребна грижа.
Не чекајте проблемите да станат поголеми.
Инвестирајте во вашето здравје и чувство на благосостојба.
📍 Studio Daniela – место каде вашето тело добива грижа каква што заслужува.
03/03/2026
Дали одвои време за себе оваа недела?
Дали си дозволи момент на мир, грижа и уживање?
Дали си кажа „го заслужувам ова“?
Март е месец на женственоста, нежноста и новата енергија…
Затоа подготвив специјални мартовски понуди создадени токму за твоето уживање ✨
Нека овој месец биде потсетник дека грижата за себе не е луксуз – туку љубов кон себе 💕
Термините се ограничени, затоа резервирај си го твојот мал ритуал на разубавување навреме.
Со љубов,
Твојот тим од Studio Daniela 💜
03/03/2026
Колку често навистина си подаруваш момент само за себе? ✨
Во брзото секојдневие, жената заслужува простор за нега, мир и внимание.
Затоа, овој март подготвив ексклузивни понуди создадени за вистинско уживање и разубавување 💜
Третманите се внимателно одбрани за да ти донесат:
• чувство на свежина
• негуван изглед
• самодоверба
• и мал ритуал на луксуз во твојот ден
Местата се ограничени за да се одржи квалитетот и индивидуалниот пристап кон секоја клиентка.
Резервирај го твојот термин и дозволи си да блескаш овој март
Studio Daniela – нега со љубов и стил.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the business
Telephone
Website
Address
Улица Борис Кидрич 98
Tetovo
1200
